Шампионот не дозволува изненадувања - си закажа полуфинале со ТФТ

Без поголеми проблеми и веројатно никогаш полесно, МЗТ Скопје славеше на гостувањето кај Гостивар со 96-70 и обезбеди пласман во полуфиналето од домашниот плејоф.

Од трибините на салата „Младост“ ја немаше вообичаената поддршка за домашниот тим, па домашниот тим уште од почетокот притисна со цел брзо да ги реши дилемите. Тоа даде резултат бидејќи веќе во шестата минута беше 17-5, а на почетокот од втората четвртина и 31-10. До крајот на полувремето МЗТ Скопје ја достигна границата од 50 поени, па вторите 20 минути останаа само формалност.

Харис Делалиќ беше најефикасен играч во тимот на МЗТ Скопје и воопшто на мечот со 23 поени, Баковиќ постигна 16, а Војдан Стојановски 11. Инграм со 21 поен го предводеше Гостивар, Митевски додаде 17, а Остен оствари дабл дабл со 11 поени и 13 скока.

Во полуфиналето, МЗТ Скопје ќе се сретне со ТФТ кој во средата го елиминира Чаир. Втората двојка ја сочинуваат Работнички и Пелистер.

Во плеј-аутот ФМП Академија триумфира против Охрид со 75-61 и остана во трката за опстанок во елитата.