Постигнат најбрзиот кош за победа во историјата на макбаскетот – за 0,6 секунди (ВИДЕО)

Дербито од Третата лига помеѓу екипите на Водњански лисици и Бутел (81-80) неочекувано донесе луда завршница и беше решено со сигурно најбрзиот кош за победа во историјата на македонската кошарка.

омашниот тим беше во безизлезна ситуација, бидејќи имаа само шест десетинки да реализираат во ситуација кога противникот имаше минимално водство (79-80). Топката ја изведоа од средината на теренот по претходен тајмаут, а единствена опција беше реализација со цепелин. Ваквата можност се покажа неуспешна, но топката неочекувано заврши во рацете на Кацарски кој веднаш со неверојатна брзина ја упати кон кошот, па таа на негова огромна радост заврши каде што требаше.

Ова донесе голема тага кај бутелци, кои претходно, пак, имаа 12 секунди за напад при водство на „лисиците“ со 79-77, по што постигнаа тројка преку Виктор Матевски по која остана нецела секунда за игра. Тие мислеа дека победата веќе им е в џеб, но кошарката некогаш сервира и вакви чуда, како кош за победа за шест десетинки.