Навивачи наместо дерби во Аеродром гледаа – порно на телефон! (ВИДЕО)

Вечерашното кошаркарско вечно дерби донесе неочекувано лесна победа на МЗТ Скопје над Работнички, дуел кој беше решен уште во првата четвртина што дефинитивно донесе мала незаинтересираност кај присутните во салата „Јане Сандански“.

Тоа најверојатно е причината поради која дел од навивачите во спортскиот центар во Аеродром си побараа малку невообичаена разонода, па преку телефоните почнаа да гледаат – порно филмови. Нивната „разновидност“ беше уловена од соседите кои седеа на редовите над нив и беше споделена на социјалните мрежи како своевиден куриозитет што сѐ може да се случи кога на паркетот играат најголемите скопски ривали.

Аеродромци иначе победија со 85-63.