
Црвено-црните имаат светла иднина: Вардар е јуниорски првак на Македонија!
Клучен за триумфот на црвено-црните беше Павел Иванов, со неколку забивања, но и блокади под сопствениот кош буквално го реши натпреварот за златниот медал. Тој средбата ја заврши со 20 поени и 11 скокови, на кои додаде три асистенции и по две украдени топки и блокади, поради што ептен заслужено го доби МВП-признанието за најкорисен играч на турнирот.
Сребрениот тим на Водно Санс беше предводена од Јаничиќ и Ќириловски со по 17 поени, додека во натпреварот за бронзениот медал, Работнички беше подобар од организаторот на завршниот турнир, Феникс 2010 со 77-65.