Шоу во Ф1: Фетел сам се „прогласи“ за победник (ВИДЕО)

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел помина прв низ целта на трката за Големата награда на Канада, но беше казнет со пет секунди и победата му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес.

Сепак, Германецот се изнервира по трката, па реши да ги смени бројките пред болидите, кои го покажуваат конечниот пласман на возачите, па се „прогласи“ самиот за победник.