Ред Бул го претстави болидот со кој ќе „лови“ нова титула во Ф1 (ВИДЕО)

Ред Бул официјално го претстави новиот болид за претстојната сезона во Формула 1. Екипата со болидот „РБ20“ ќе се обиде да ги одбрани титулите во индивидуална конкуренција, но и во пласманот на конструктори.

Макс Ферстапен повторно ќе биде прв возач на Ред Бул во 2024 година, додека негов тимски колега ќе биде Серхио Перез.

Новиот „РБ20“ е наследник на феноменалниот „РБ19“ со кој Ферстапен оствари 19 победи во 22 трки во 2023 година, а два триумфи запиша Перез.

„Очигледно дека станува збор за еволуција од минатогодишниот болид, но дизајнерите беа агресивни во некои делови. Деталите се неверојатни“, кажа шефот на тимот, Кристијан Хорнер.