Ред Бул го претстави новиот болид и најави соработка со Форд (ФОТО)

Шампионот во конструктори, Ред Бул го претстави новиот болид за идната сезона, а исто така беше објавена вест и за техничка соработка со американскиот гигант Форд.

Форд и Ред Бул ќе соработуваат заедно од 2026 година и тоа ќе биде враќање на Американците во Ф1, откако ја напуштија во 2004 година.