Раководството на трката најави: Монца ќе биде отворена за гледачи?

Директорот на патеката во Монца се надева дека трката за Големата награда на Италија во септември ќе биде со присуство на гледачи.

Планот е да се примаат навивачи кои ќе имаат негативен ПЦР-тест на ковид-19 стар најмногу до 48 часа.

Трката во Монца треба да се вози на 12 септември, доколку нешто драстично не се смени поради пандемијата на коронавирусот.

„Би сакале да имаме публика, но од друга страна најважна ни е безбедноста на сите возачи и персонал во Формула 1“, соопштија од раководството на трката.