Познат распоредот за првите осум трки: Новата сезона во Ф1 стартува на 5 јули!

По бројните одложувања и откажувања, новата сезона во Формула 1 ќе започне на 5 јули со трката заГолемата награда на Австрија.

Владата на Австрија и официјално даде зелено светло за одржување на трката во Шпилберг на 5 јули. Од ФИА, организаторите на овој шампионат, наведуваат дека на оваа патека ќе се одржат две трки. По првата закажана за 5 јули, закажана е уште една за 12 јули.

Календарот за останатиот дел од сезоната не е познат. Според актуелниот календар на 19 јули ќе се вози во Унгарија, а две недели подоцна, потоа следуваат две трки на „Силверстоун“ во Велика Британија (2-ри и 9-ти август), а до крајот на сезоната следуваат трките за Големата награда на Шпанија (16 август), Белгија (30 август) и Италија (6 септември)

Почнувајќи од 15 март кога требаше да се вози во Мелбурн, досега се одложени или откажани вкупно 10 трки. И дефинитивно се одложени трките во Франција, Монте Карло, Холандија и Австралија, а останува неизвесен датумот за трките во Бахреин, Виетнам, Кина, Азербејџан и Канада.