Откажана уште една трка во Формула 1

Откажана е и четвртата трка во Ф1 шампионатот за оваа сезона.

Организаторите на трката за Големата награда на Холандија беа принудени од безбедносни причини да ја откажат годинешната трка, која требаше да биде прва во последните 35 години, на патеката „Зандворт“.

Мак Верстапен и неговиот Ред Бул ќе мора да почекаат уште една година за да возат пред домашните навивачи затоа што холандското ГП е откажано поради пандемијата на Ковид-19, беше објавено од Формула 1.

Директорот на трката, Јан Ламерс, е разочаран, но не очајува.

Бевме целосно подготвени за оваа трка и сè уште сме. Неверојатно е тоа што го постигнавме благодарение на навивачите, Владата на Холандија, компаниите кои беа вклучени. Ние и Формула 1 сакавме да го прославиме враќањето на оваа патека со навивачите. Со нетрпение го очекував овој момент по 35 години, но стрпливо ќе чекам уште една година, истакна Ламерс.

Последната трка за ГН на Холандија се одржа во 1985 година. Ова е четврта трка што беше целосно откажана во 2020 година, а освен тоа беа преместени уште шест.

Сезоната сè уште не започна, а се очекува тоа да се случи во Австрија на 5 јули.