Официјално: Рикардо ќе вози за Мекларен од 2021!

Сезоната во Формула 1 уште не почнала, а веќе има неколку промени во екипите за следната година. Карлос Саинц ќе се пресели во Ферари, додека Даниел Рикардо ќе му се приклучи на тимот на Мекларен.

Овие промени почнаа по информацијата дека Себастијан Фетел нема да остане во Ферари по крајот на оваа сезона, а веднаш екипата реагираше и го договори Саинц.

„Даниел е уште еден чекор во нашиот план и ќе ни донесе многу возбудувања во тимот“, соопштија од Мекларен.

Рикардо имаше седум победи од 2014 до 2018 година во болидот на Ред Бул, па сигурно би можел да донесе квалитет во Мекларен.