Светот на брзините уште се нема рехабилитирано по трагичната смрт на Антони Ибер, минатиот викенд, во Формула 2, на квалификациите на Спа Франкошам, а денеска посведочи на нов, филмски инцидент. За среќа, последиците сега не се фатални.
На трката во Формула 3, 19-годишниот Алекс Перони од Австралија, веднаш по славниот свиок Параболика, незгодно зафати едно од оние рабни тротоарчиња покрај патеката. Неговиот болид инстант се крена во воздухот 7-8 метри и неколку пати се вртеше.
Изгледаше траорно и опасно, но Перони излезе од болидот здрав и способен да оди. Коментаторите се прашуваа што бара таков ивичник на тоа место. По ова трката беше завршена со „безбедносно возило.“
Минатиот викенд во судир на два болида при брзина од, речиси, 300 километри на час, животот го загуби 22-годишниот Французин Антони Ибер.