Мартин победи на спринтот и му се приближи на Бањаја! (ФОТО)

Шпанецот Хорхе Мартин е победник на спринтот во Валенсија, кој е последен за оваа сезона во Мото ГП.

Втор на спринтот беше Бред Биндер, додека Марк Маркез успеа да освои до третата позиција. По нив следше Маверик Вињалес и Франческо Бањаја.

Мартин со триумфот на денешниот спринт ја намали разликата зад лидерот во генералниот пласман Бањаја на 14 бодови.

Последната трка во Мото ГП шампионатот се вози в недела од 15 часот.