Леклер доби казна од 10 места за трката во Канада

Шарл Леклер на утрешната трка за Големата награда на Канада ќе стартува десет места подолу во однос на позицијата што ќе ја освои на денешните квалификации. 

Возачот на Ферари е казнет, бидејќи е променета компонента во моторот на неговиот болид. Леклер имаше сериозни мехнички проблеми изминатите трки. Иако освојуваше пол-позиции тој не ги завршување трките и полека го губи чекорот за шампионската титула со Макс Ферстапен.

Пред канадското гран при, Леклер има 34 бодови помалку во однос на возачот на Ред Бул.