Иџе го освои четвртото место на трката во Италија

Македонскиот возач Игор Стефановски Иџе оствари голем успех на трката за ТЦР Италија, откако го освои четвртото место, со задоцнување од само 3.965 зад шампионот Пелегрини.

Иџе тргна од последната позиција на денешната трка, откако претходно објави на Фејсбук дека имале технички проблеми со нивното возило, но и покрај тоа македонскиот автомобилист за малку ќе стигнеше до подиум во Италија.

Сепак, не успеа да им го расипе славјето на Италијанците, кои ги освоија првите три позиции на трката, односно Скалвини заврши на третата, а Бетера на втората позиција.