Хамилтон најбрз на вториот тренинг во Бахреин

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на вториот тренинг пред првата трка во новата сезона, која се вози в сабота во Бахреин.

Седумкратниот светски шампион оствари време од 1:30.374 и го остави тимскиот колега Џорџ Расел зад себе, додека на третата позиција заврши Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Шпанецот Карлос Саинц од Ферари беше четврти, а по него завршија Оскар Пјастри и шампионот Макс Ферстапен.

Третиот тренинг и квалификациите се закажани за петок, додека трката за Големата награда на Бахреин се вози в сабота од 16 часот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)