Фетел беше најбрз во Канада, но доби казна и му ја препушти победата на Хамилтон

Возачот на Ферери, Себастијан Фетел како првопласиран помина низ целта на трката за Големата награда на Канада, седмата трка сезонава во Формула 1, но тој беше казнет, па победата му припадна на Луис Хамилтон.

Фетел во директниот дуел со Хамилтон направи грешка и излета од патеката, а при враќањето влезе директно во Британецот. Очигледно не можеше поинаку да реагира бидејќи ја губеше контролата врз задниот дел од болидот, но организаторите го казнија со додавање пет секунди на крајното време.

Четирикратниот светски шампион ја заврши трката со секунда предност во однос на Хамилтон, па поради казната, Хамилтон триумфираше во Канада.

Трет заврши Шарл Леклер од Ферари, а по него веднаш следуваше Валтери Ботас. По возачите на Мерцедес и Ферари следуваа Ферстапен, Рикардо, Хулкенберг, Гасли, Строл и Квајт во топ-10.