Бријаторе со совети до Холанѓанецот: Ферстапен мора да ја држи устата затворена

Поранешниот прв човек на Формула 1 тимот Рено, Флавио Бријаторе, испрати искрени совети до еден од најдобрите млади пилоти во најбрзиот циркуз на ндешницата, Макс Ферстапен.

Тој го советуваше пилотот на Ред Бул да не зборува премногу, а ова пред се се однесува на тоа што младиот Холанѓанец неодамна го обвини Ферари за измама.

Прекрасно е што Макс ќе остане во Ред Бул и ќе го гледаме меѓу лидерите во Формула 1 уште долго време. Тој е многу брз, постојано се подобрува и често ги надминува сите. Но, Ферстапен мора да научи да ја задржи устата затворена. Тој можеше да ги игнорира обвинувањата на Ферари за измама. Прво, не е негова работа да дава вакви изјави. Второ, во целата оваа приказна немаше вистина, изјави Бријаторе.

Минатата сезона Ферстапен заврши на третото место во генералниот пласман со 278 бода.