Бившиот шеф на Ф1: Би примил куршум за Путин!

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон се вмеша во политичкиот свет и испрати поддршка до рускиот претседател Владимир Путин, по што го критикуваше лидерот на Украина, Володимир Зеленски.

„Би примил куршум за Путин затоа што е голем човек, а тоа што го прави е нешто што смета дека е вистинска работа за Русија“, кажа Еклстон.

Еклстон го напушти „најбрзиот циркус“ во светот пред неколку години, а минатиот месец беше уапсен во Бразил поради тоа што му беше пронајдено оружје во куферот пред неговиот лет.