Биното ќе биде шеф на новиот проект на Ауди

Оперативен шеф и технички директор на Ауди ќе биде поранешниот прв човек на Ферари, Матија Биното, а информацијата ја потврди германската компанија.

Ауди потврди дека Андреас Сеидл и Оливер Хофман го напуштаат проектот, а Биното доаѓа на чело на проектот како последни подготовки пред влезот на германската екипа во Формула 1.

Биното се раздели со Ферари на почетокот на 2023 година по големиот број обвинувања за лошите резултати и проблеми со кои се соочи италијанскиот тим.