Вардар го има најголемиот скок на УЕФА клупскиот-ранкинг оваа недела (ФОТО)
Интересно е тоа што македонскиот првак го има најголемиот скок оваа недела од сите клубови во Европа и напредуваше за 62 позиции. Минатата недела Вардар се наоѓаше на 299 место, а сега е на 237-то место. Доколку го совладаше Розенборг, тогаш можевме да очекуваме и далеку поголем напредок.
„Црвено-црните“ очекувано се најдобро рангираниот македонски клуб на листата на УЕФА, пред Шкендија која е 278.место, потоа следува Работнички (292), Пелистер (364), а на листата котираат и Силекс, Ренова, Металург, Турново и Тетекс.