УЕФА сепак го суспендираше голманот Мартинез!

УЕФА реши да го санкционира Емилијано Мартинез со суспензија од еден натпревар, тој нема да брани на првото полуфинале од Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос.

Мартинез доби два жолти картони на мечот против Лил, но голманот на Астон Вила не беше исклучен затоа што вториот го доби за време на пенал серијата.

УЕФА сепак го казни Аргентинецот со суспензија поради провокации кон навивачите на Лил.

Мартинез нема да брани на првиот полуфинален меч од Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос.