
УЕФА поради Торцида ќе го премести полуфиналето на младинците на Хајдук во Женева
Околу 5.000 навивачи на Хајдук беа во Дортмунд на четвртфиналната пресметка, а сега се најавуваше уште масовно гостување, па проблем е што стадионот во Нион не може сите да ги прибере, зашто станува збор за стадионче со капацитет од 4.000 гледачи и поради тоа УЕФА начелно донела одлука да го однесе мечот во Женева, 30 километри оддалечена од Нион.
Таму стадионот на кој се играа мечеви од Еуро 2008 е со капацитет од 30.000 гледачи и Торцида ќе може во огромна бројка да дојде, а проценките барем засега од Сплит се дека се очекуваат и до десет илјади навивачи на Хајдук, сосе емиграцијата на Хрвати во Швајцарија, Австрија, Германија, Франција...
Дефинитивна одлука за преместувањето на мечот треба да има утре. Полуфиналните мечеви се на 21 април, а второто полуфинале е АЗ Алкмар – Спортинг Лисабон. Финалето е на 24 април