УЕФА почнува дисциплинска постапка против Баерн Минхен

Европската фудбалска унија (УЕФА) го обвини Баерн Минхен поради инцидентот со нивните навивачи на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

УЕФА соопшти дека дисциплинската постапка ќе биде почната поради покажувањето на недозволени транспаренти против Европската фудбалска унија, како и поради влегувањето на навивачите на теренот во вчерашниот дуел во Минхен, кој го доби Реал со 1-2.

Конечната одлука ќе биде донесена на 31. мај, пет дена по финалето во Лигата на шампиони.