Трабзон се бори за титула, ама Европа – нема да ја види!

Еден од најголемите турски клубови Трабзонспор, кој сезонава се бори и има шанса да се круниса за првак на Турција, нема да ја види Европа зашто УЕФА го казни овој клуб со неиграње на меѓународна сцена поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

УЕФА го казни Трабзон зашто не ја почитувале спогодбата на турскиот клуб склучен пред четири години поради неправилностите за финансиско работење, па сега турскиот клуб е казнет со една година суспензија од Европа во следните две сезони, кога и да обезбедат пласман на меѓународна сцена.

Ова е шокантна вест за клубот од Црното море, бидејќи сезонава се борат за шампионска титула, први се на табелата со ист број на бодови со Башахшехир, па сега може титулата да им биде залудна со неиграње во ЛШ, што ќе значи и не добивање на сериозна сума на пари за настап во европската елита.

Турската лига треба да продолжи на 12 јуни.