Тони Крос ја покажа својата големина - со еден твит испадна најголем господин (ФОТО)

Германскиот репрезентативец Тони Крос, незаменливиот фудбалер за врска во старо-новиот европски првак Реал Мадрид покажа неверојатна човечка големина со еден твит, кои наиде на воодушевување кај светската фудбалска јавност.

Во екот на големото славје за европската шампионската титула на мадриѓаните, историско трето во низа, Крос не ги заборави Дани Карвахал, својот соиграч од Реал и Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул да им посака брзо закрепнување за да се видат повторно на Светското првенство во Русија.

Крос е стандарден германски репрезентативец, Карвахал беше избран во тимот на Шпанија, а Салах е прва ѕвезда на Египет, но сега овие двајца ќе имаат трка со времето за да закрепнат во следните 20 дена до почетокот на Мундијалот.

„Не сакам да заборавам да им посакам на моите пријатели Дани Карвахал и Мохамед Салах брзо закрепнување. Се надевам дека ќе се видиме на СП во Русија“, напиша Крос.