Срамен потег на Рамос: Со лакт го удрил голманот на Ливерпул!? (ВИДЕО)

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е мета на голем број критики по вечерашното финале во Лигата на шампиони во кое „кралевите“ победија со 3-1 против Ливерпул.

Иако по завршувањето на средбата го крена шампионскиот трофеј, Рамос ќе остане запаметен по тоа што во еден дуел го повреди Мохамед Салах.

Меѓутоа, Германците забележале уште еден момент, кога наводно Рамос во 49. минута го удрил Лорис Кариус со лакт, но поради тоа не доби ниту предупредување.

Дали навистина се случило такво нешто, ви оставаме на вас самите да процените од видеото.