Шоу на Меси: Аргентинецот стигна до јубилеј и нов рекорд (ФОТО)

Барселона во моментов води со 3-1 против Борусија Дортмунд во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Еден од стрелците на головите беше Лионел Меси, за кого ова е 700. меч во дресот на каталонскиот гигант, а прито Аргентинецот успеа да стигне до уште еден рекорд.

Меси постави и неверојатен рекорд затоа што Дортмунд е 34. клуб против кој Аргентинецот успеа да постигне гол во Лигата на шампиони, а тоа пред него никој не успеал да го направи.

Веднаш зад него се Раул и Кристијано Роналдо, кои ја тресеа мрежата на 33 различни клубови во елитното натпреварување.