Шок за Баерн - Алаба вечерва нема да игра против Реал!

Минхенски Баерн ќе биде ослабен вечерва на дуелот против Реал Мадрид бидејќи Давид Алааба ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Австрискиот репрезентативец го повреди квадрицепсот и поради тоа не играше во Хановер минатиот викенд, но ќе го пропушти и вечерашниот дуел.

Алаба сезонава одигра натпревари, псотигна два и асистираше при шест постигнати погодоци за Баерн, а на неговото место вечерва најверојатно ќе игра Рафиња.

Освен Алаба, тренерот на Баерн нема да може да смета ниту на голманот Мануел Ноер, играчот за врска Артуро Видал и напаѓачот Кингсли Коман.