Серхио Рамос испрати порака до Салах преку Твитер

Реал Мадрид вчера со победата против Ливерпул од 3-1 во финалето на Лигата на шампиони, стигна до третата титула по ред во најелитното европско натпреварување.

Сепак, во центар на внимание беше Серхио Рамос, кој доби критики дека намерно го повредил Мохамед Салах во 30. минута од средбата.

Салах по дуелот со капитенот на Реал заврши на теренот и мораше да ја напушти играта поради повреда на рамото. Многумина се надеваат дека повредата не е сериона и дека Египќанецот ќе може да игра на Светското првенство во Русија.

Рамос стана најомразена личност кај навивачите на Ливерпул, а по натпреварот реши да напише порака до Салха преку својот Твитер профил.

„Фудбалот некогаш ја покажува убавата страна, но некогаш и таа лошата. На Салах му посакувам брзо оздравување затоа што иднината е пред него. На крајот ние сме само професионалци“, вели Рамос.