Пирова победа на Ренџерс, Динамо со покер во плејофот од Лигата Европа (ВИДЕО)

Дури во седмото коло, екипата на Ренџерс ја оствари првата победа сезонава во Лигата Европа.

На домашен терен, шкотскиот тим го совлада Лудогорец со 1-0, но триумфот нема апсолутно никакво значење бидејќи Ренџерс веќе ги загуби шансите за пласман во плејофот, а му направи штета на противникот бидејќи падна на 25. мест и ќе мора да ја победи Ница во последното коло. Единствениот гол на мечот беше дело на Диоманде во 33. минута.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по хет-трикот што го постигна минатата недела, денеска беше резерва и влезе во игра во 64. минута, но немаше посериозен ефект врз играта на Ренџерс.

Убедлив триумф вечерва оствари Динамо кој по трите порази во низа, го прегази ФЦСБ со 4-1 и обезбеди пласман во плејофот од Лигата Европа. Веќе во 11. минута беше 2-0 со головите на Бакрар и Бељо, намали Бирлигеа, но во вториот дел Бељо со својот втор и Куленовиќ во судиското продолжение го поставија конечниот резултат.

РЕЗУЛТАТИ
Рома - Штутгарт 2-0
Брага - Нотингем Форест 1-0
Селта - Лил 2-1
Динамо - ФЦСБ 4-1
Ференцварош - Панатинаикос 1-1
Ница - ГА Иглс 3-1
Ренџерс - Лудогорец 1-0
Салцбург - Базел 3-1
Утрехт - Гент 0-0