
Пепе и Роналдо - најстари фудбалери на Европското првенство
Играчот на Порто има 41 година, но се уште е столб на одбраната на националниот тим на шампионот од 2016. И вториот највозрасен играч на шампионатот е од Португалија - Кристијано Роналдо кој ќе игра со 39 години и 4 месеци. За него ова е рекордно шесто европско првенство во кариерата, а ќе се обиде да дојде до вториот трофеј.
На третото место е Лука Модриќ кој на 9 септември ќе наполни 39 години, а зад нив се Хесус Навас од Шпанија, Ѓорги Лорија од Грузија и Мануел Нојер од Германија кои имаат полни 38.