Пеп со гребаници на главата и носот се појави пред новинарите, па објаснуваше што се случило! (ВИДЕО)
Манчестер Сити веќе еден месец не знае за победа. Вчера тимот на Гвардиола беше блиску да забележи триумф, водеше до 75. минута со 3-0 против Феенорд и на крајот не победи. Мечот заврши 3-3.
Пеп Гвардиола по мечот пред новинарите се појави со гребаници на главата и носот. Па сите се прашуваа што му се случило. Неизбежно беше и него да му се постави прашањето.
„Се исеков сам на носот со прстот, со ноктот, сакам сам да се повредувам“, одговори Пеп на прашањето за гребаницата.