Паника во Данска: Тројца навивачи во Копенхаген го имале опасниот „делта сој“ на ковид-19

Вистинска паника завладеа во Данска, откако е откриено дека тројца навивачи кои го гледале мечот помеѓу Данска и Белгија (1-2) на стадионот „Паркен“ во Копенхаген биле заразени од опасниот „делта сој“ на коронавирусот.

Овој нов мутиран сој кој се појави во Индија сега е најголемата опасност во битката со ковид-19, зашто според стручњаците е за 60 отсто позаразен и предизвикува потешки компликации, па сега стравувањата во Данска се тројцата болни од овој сој на коронавирусот да не го рашириле ептен вирусот, па да има нова експлозија на зараза во земјата.

Данска пријави дека има 247 случаи на коронавирус кај болни луѓе од овој „делта сој“, па сега министерот за здравство Маркус Хеунике наредил четири илјади гледачи кои биле на трибините пред една недела задолжително да бидат тестирани.

Инаку мечот со Белгија, како и тој против Русија (4-1), кога Данска обезбеди осминафинале, севкупно го гледале 30 илјади луѓе.