Пандев од ВИП ложата гледаше како неговиот Интер ја „згази“ Ц. Звезда (ВИДЕО)

Во Милано во Лигата на шампионите вчера се сретнаа екипите на Интер и Црвена Звезда, а како специјален гостин од ВИП ложата овој натпревар го следеше и Горан Пандев.

Пандев беше поканет и во натпреварот на „Етихад“, а сега присуствуваше и во првиот натпревар на Интер на домашен терен во новата сезона од европската елита.

Друштво на Пандев за време на натпреварот му правеа неговите поранешни соиграчи. Диего Милито, Кристијан Киву и Марко Матераци со кои во 2010 година со Интер ја освоија историската „триплета“.