Состави: Реал се „крсти“ во Лукас, Баерн напаѓа со ветерани

Фудбалерите на Баерн и Реал вечерва во Минхен ќе го комплетиран првиот кру натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вчеравечер Ливерпул ја совлада Рома со 5-2.

Јуп Хејнкес дури денеска доби потврда дека не може да смета на Алаба, како и на претходно повредените Ноер, Видал и Коман, а Зинедин Зидан немаше такви проблеми. Сепак, Французинот во изборот за напаѓач се одлучи да го избере Лукас Васкез, што за многумина е чуден избор бидејќи на клупа ќе седат Герет Бејл ио Карим Бензема.

Баерн Минхен: Улрих - Кимих, Боатенг, Хумелс, Рафиња - Хави Мартинез, Робен, Рибери, Милер, Хамес, Левандовски.

Реал Мадрид: Навас - Карвахал, Рамос, Варан, Марсело - Касемиро, Крос, Модрид, Иско - Роналдо, Лукас