Неверојатен рекорд на Шаќири - никој друг не може да се пофали со ваков подвиг!
Репрезентациите на Швајцарија и Шкотска одиграа реми 1:1 во рамките од второто коло во групата „А“ на Европското првенство, а во овој натпревар посебен рекорд постави Џердан Шаќири.
Шкотската репрезентација прва стигна до водство со автоголот на Шар по 13 минути игра, додека изедначување за Швајцарија донесе Џердан Шаќири во 26. минута.
Со тој гол швајцарскиот репрезентативец стана првиот фудбалер кој успеал да постигне гол на шест големи натпреварувања во низа. Низата Шаќири ја започна на Светското првенство во 2014 година, па продолжи на ЕП 2016, СП 2018, ЕП 2020, СП 2022 и сега во Германија.
Xherdan Shaqiri is the first player to score in the last three World Cups and European Championships:
— B/R Football (@brfootball) June 19, 2024
2014 World Cup—⚽⚽⚽
2016 Euros—⚽
2018 World Cup—⚽
2020 Euros—⚽⚽⚽
2022 World Cup—⚽
2024 Euros—⚽
He loves the big stage 😤 pic.twitter.com/4owJP8s5sU