Не можат без инциденти: Ултрасите на Легија ѝ удрија ќотек на полицијата во Лестер (ВИДЕО)

Полските хулигани каде и да отидат, не може да биде мирно, па така и синоќа на „Кингс Пауер“ во Лестер, ултрасите на Легија направија инцидент.

Прво палеа факели, па потоа не изостана традиционалниот ќотек со полицијата на трибините, а според информациите од Англија, преку стотина хулигани на Легија учествувале во нередите на трибините, колку да покажау уште еднаш дека се едни од најжестоките на ултрас сцената.

Полјаците сами си ја бараа белјата откако први почнаа со нападот врз полициските службеници, па потоа настана метеж на трибините. Веќе олигледно е дека хулиганизмот повторно зема замав во европскиот фудбал, зашто веќе нема недела, а да не се случи некој посериозен инцидент.