„Не беше воопшто тешко да се игра против ПСЖ“
Белгијците покажаа дека се цврст противник и на моменти беа и подобриот тим во однос на францускиот ѕвезден тим, кој на моменти сериозно се мачеше да направи притисок и вистинска шанса.
Голманот на Бриж, Симон Мињоле изјави дека воопшто не било тешко да се брани против ПСЖ.
„Немав премногу работа цела вечера, можеби само 2-3 интервенции. Не беше воопшто тешко“, рече поранешниот чувар на мрежата на Ливерпул по синоќешниот меч.