Навивачи на Шкупи нападнале фанови на АИК - полицијата ги уапсила! (ВИДЕО)

Бившиот македонски првак Шкендија утре ќе го пречека шведски АИК во реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига, но гостинските навивачи немаа добар пречек во Скопје каде што вчера биле нападнати од поддржувачи на актуелниот шампион Шкупи.

Навивачите на Шкупи вчера околу 18.45 часот на подрачје на Бит Пазар нападнале осум фанови на шведскиот тим кои дошле да го поддржат во Скопје.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција веднаш интервенирале и уапсиле неколку лица, при што се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Шкендија во првиот меч во Шведска успеа да остане непоразена против АИК (1-1).