Надвор поларно, на стадионот пролет: Вардар ќе игра на плус 20 степени!
Руската зима вардарци ја почувствуваа на вчерашниот тренинг на „Петровски“. Во Санкт Петербург е поларно навечер, а дуелот е од 21 часот по руско време. Но, фудбалерите нема да имаат мака за да играат добар меч, затоа што на стадионот „Крестовски“ ќе биде – пролет!
Зенит објави дека стадионот, кој има подвижен кров ќе биде затворен, поради поларните температури, па на стадионот условите за игра ќе бидат идеални – 20 степени целзиусови. Сето тоа нуди доолнително уживање не само за фудбалерите, туку и за гледачите на стадионот. Вардар ќе има поддршка од 30-на приврзаници на стадионот, објави Зенит.
Сега останува само вардарарци да го одиграат својот најдобар меч и да успеат да се изборат за први бодови во групата, особено што Зенит најверојатно ќе игра со комбиниран тим и најголемите ѕвезди ќе ги чува за дербито во руското првенство со Спартак Москва викендов.