За тие што нема да се на Градски: Обезбеден пренос од мечот Вардар - Лозана!

Вардар денеска со почеток од 20:30 го пречекува Лозана во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Играчите на Вардар се надеваат дека вечерва публиката ќе им биде ветер во грб против силниот противник, се очекува значително поголема посета отколку на мечот со Ла Фиорита.

Но, оние кои нема да се најдат на стадионот, ќе може да го гледаат натпреварот на ТВ.

Македонската радио телевизија обезбеди пренос од натпреварот Вардар - Лозана, мечот ќе оди и на МТВ 1 и на МТВ 3.