Меси и Барса во аут! Рома ги исфрли Каталонците од ЛШ! (ВИДЕО)

Вечерва се одиграат два реванш-натпревари во четвртфиналето на Лигата на шампиони, а пласман понатаму си обезбедија Ливерпул и Рома.

Сензацијата во Рим ја најави Един Џеко со погодокот во шестата минута, откако претрча два противнички дефанзивци и постигна гол за 1-0.

Барселона беше буквално „изгубена“ на овој меч, па Даниеле Де Роси ги матираше во 58. минута од пенал за водство од 2-0.

Каталонците не успеаа да се освестат на време и да ја зачуваат предност од првиот дуел, па Костас Манолас ги шокирашево 82. минута кога стрелаше за 3-0 и го запали „Олимпико“, а благодарение на тој гол, Рома се пласираше во полуфиналето на европското натпреварување.

Лошо почна мечот за гостите од Ливерпул на „Итихад“, откако Габриел Жесус погоди во втората минута од средбата, а жестоки критики доби главниот судија, кој претходно не досуди прекршок врз Вирџил Ван Дајк.

Во 42. минута од средбата беше поништен чист гол на Лерој Сане, по што следуваше бурна реакција од страна на тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, кој беше испратен на трибините да го догледа натпреварот на својата екипа.

Тоа всушност беше крајот на домаќините. По една одлична акција на Садио Мане, топката се одби до Мохамед Салах, кој истата ја испрати во мрежата на Сити.

Иако домаќините се обидоа да притиснат повеќе, сепак, ништо не одеше по планот, а нивните надежи за пласман понатаму ги урна Роберто Фирмино во 77. минута, кој го постави конечниот резултат, 1-2.