Меси го прогласија за најдобар фудбалер, но неговиот син му го украде шоуто (ВИДЕО)

Аргентинецот Лионел Меси вечерва ја освои својата шеста „Златна топка“ и со тоа стана првиот играч кој освои толку награди кои ги доделува „Франс Фудбал“

Со оваа престижна награда тој го мина Кристијано Роналдо кој остана на пет, а Португалецот реши да не се појави вечерва на гала-церемонијата во Париз.

Зад Меси и Роналдо се Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен со по три „Златни топки“.

Но, додека сите стоечки му дадоа аплауз на Меси и го слушаа неговиот говор, неговиот син беше пресреќен што неговиот татко беше избран за најдобар фудбалер.

Погледнете ја реакцијата на малечкиот, гарантираме дека неговата смеа ќе ви ги разгали срцата.