Македонски менаџер приведен во Белгија за местење натпревари и перење пари!

Големиот скандал, кој деновиве го тресе европскиот фудбал, а кој почна со серија приведувања во Белгија и официјално се прошири и во нашата земја, откако денеска дојде информација за приведување на македонскиот менаџер, Драган Силјановски и тоа за криминално здружување, местење натпревари и перење пари.

Тој утринава е главна вест на сите белгиски медиуми и тоа како деветти приведен актер во акцијата „Чисти раце“. Силјановски е поранешен фудбалер на Напредок, Победа, Работничкии, Слога Југомагнат, Антверпен и на Макаби, а се потенцира дека една од причините поради која е дел од истрагата е што е менаџер на хрватскиот тренер Иван Леко, кој е прво осомничен како предводник на Бриж. Тој работи и со хрватскиот фудбалер во редовите на Андерлехт, Иван Сантини, кој иако досега не е споменат од истражните органи, сепак, е поврзуван со скандалот.

Покрај нашиот Силјановски, засега задржани од белгиската полиција се менаџерот Моги Бајат, неговиот помошник Лорен Денис, менаџерот Дејан Вељковиќ и неговата сопруга, менаџерот Карим Мехати, судијата Барт Вертанен како и двајца директори на белгискиот прволигаш Мехелен, Оливие Сомерс и Тјери Стиманс.