Лампард и Фердинанд во одбрана на Рамос: Повредата на Салах беше случајна!

Додека многумина го критикуваат Серхио Рамос поради неговиот старт против Мохамд Салах, поранешните англиски легенди имаат поинакво мислење.

Поради тоа што Рамос го повреди десното рамо на Салах, многумина го нападнаа Шпанеот дека намерно го направил тоа, но Френк Лампард и Рио Фердинанд сметаат дека Рамос немал таква намера.

„Не, јас не мислам така. Беше многу блиску, реагираше како што би постапил секој дефанзивец, но понекогаш се случуваат вакви работи“, вели Лампард.

Слично размислува и Фердинанд за моментот, кој можеби го реши финалето во Лигата на шампиони.

„Не, не мислам така. Јас сметам дека тоа беше добра дефанзивна реакција на Рамос и мислам дека не сакаше да го повреди Салах“, кажа Фердинанд.