Јувентус е голем тим: Со специјален твит ѝ го честита полуфиналето на Рома!

Римјаните на „Олимпико“ направија голема сензација, откако ја елиминираа големата Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампиони, а веднаш стигна честитка од нивниот италијански ривал Јувентус.

Гигантот од Торино го честиташе пласманот во полуфиналето на Лигата на шампиони на Рома и нивната одлична игра вечерва.

„Честитки за Рим за големата победа вечерва и за пласманот во полуфиналето на Лигата на шампиони“, гласеше честитката.