Јувентус 123 години не играл со ваков состав како вечерва (ФОТО)

Јувентус игра против Ференцварош во рамки на 4.коло во Лигата на шампиони, а тренерот Андреа Пирло мораше на терен да изведе „шарен“ состав со оглед на повредените фудбалери. 

Најголемиот проблем на „Старата дама“ се повредите во одбраната. Вечерва за прв пат по 123 години и 4.371 натпревар, Јувентус во својата одбрана нема ниту еден италијански фудбалер, како ниту на голот.