Иско дефинитивно нема да игра против Баерн и Барселона

Шпанскиот офанзивец Иско ќе го пропушти реванш полуфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Реал и Баерн.

Реал пред неколку дена славеше во Минхен со 2-1 и е на добар пат да избори финале, но допрва треба да го завери добриот резултат пред своите гледачи.

Зинедин Зидан сега има кадровски проблеми, бидејќи Иско нема да игра и ќе мора да паузира 2-3 недели, а тоа воедно значи и дека ќе го нема на дуелот против Барселона на 6 мај.

На негово место се очекува да заигра Марко Асенсио, кој беше стрелец во Минхен.