Интересна реакција на Рамос: Дали Салах случајно се повреди?! (ВИДЕО)

Се „запалија“ социјалните мрежи, откако се појави интересно видео на кое може да се забележи како Серхио Рамос потврдува нешто со глава, па многумина го обвинуваат дека тоа било реакција со која потврдува дека успешно си ја „завршил работата“ со Египќанецот.

Дали има вистина во обвинувањата на навивачите на Ливерпул или тоа е само поради омраза затоа што им се повреди најдобриот фудбалер, останува на вас да процените.